• понеделник, 23 декември 2024

Муцунски: Методологијата на пописот може да се промени

Муцунски: Методологијата на пописот може да се промени
Скопје, 1 април 2021  Методологијата на пописот може да се промени, вели пратеникот на секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Вин Вин“ на Телма и додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира да бидат прифатени суштинските забелешки кои ги има за самата методологија. Муццунски истакна дека се уште има време и место за дијалог поврзан за методологијата, бидејќи тоа е подзаконски акт, ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира да се промени и ќе стои позади тоа бидејќи има речиси половина година тоа да се направи. - Пратениците можат да отворат дијалог со директорот на  државниот завод за статистика и да го информираат за да тие бидат уверени како пратеници дека ќе биде легитимен пописот, инсистираме на одредени измени во методологијата и да седнеме, ако треба да повикаме експерти и да добиеме попис во кој сите ќе веруваме, потенцира Муцунски. Тој додаде дека сака да верува дека тој директор ќе дојде да разговара со пратеници кои црпат легитимитет од граѓани и дека откако ќе се извадат сите аргументи ќе може да се направат измени за подобар попис. - Кога веќе се оди на теренски попис има многу работи кои треба да се променат. Кога дававме причини зошто треба да се одложи пописот, првата секогаш е епидемиолошка, и самиот закон кој го предложивме имаше за цел да го одложи пописот, а вториот аспект е методологијата и начинот на кој ќе се спроведува пописот, вели Муцунски. Меѓународната заедница која врши еден вид објективен преглед во државата нотира дека имаме сериозен проблем со функционирање на институциите на системот и немаме опиплив напредок, вели пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, за „Вин вин“ на Телма. Муцунски потенцира дека во Извештајот на Стејт департментот за 2020 година за почитувањето на човековите права, високата корупција се уште постои, постои страшна политизираност на јавниот сектор и постои правна непредвидливост. Тоа го има и во изјава на Палмер од ред некој ден.  Тоа што е нотирано во овој извештај нотирано е и во извештајот на Транспаренси Интернешнл, утврдено во индекси како тие на Економист кои ја нотираат оваа земја како хибриден режим. Така да власта треба да почне да го работи тоа што го ветува. Нема реформа на кривичниот законик кој сите ни велат дека треба да се реформира, 4 години е во подготовка, дали имаме реформа на Законот за кривична постапка, исто 4 години е во подготовка, дали имаме граѓански законик донесено, исто 4 години е во подготовка, истакна Муцунски. Тој нагласи дека по 4 години дали нашите граѓани може да се сетат на ниту еден сериозен исчекор на оваа влада во правосудството и администрација,  камо ли четири. - Ние имаме политика коалиција која е 4 години на власт на СДСМ и ДУИ и која во тие 4 години не успеала да создаде опипливи позитивни промени во делот на правосудството и во делот на реформата на јавната администрација каде што се најголемите критики во Извештајот. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан