• понеделник, 24 јуни 2024

Муцунски: Да ги исполниме стратешките цели и да ги одбраниме идентитетските прашања, а дипломатијата да ја употребиме во функција на економијата

Муцунски: Да ги исполниме стратешките цели и да ги одбраниме идентитетските прашања, а дипломатијата да ја употребиме во функција на економијата

Скопје, 23 јуни 2024

Мојата професионална определба беше академската средина. Но сметав дека можам многу повеќе да придонесам доколку теоријата ја претвораме во пракса.

Ја оставам Аеродром со многу проекти, исправена и подготвена за многу новини и решенија кои ги бараат граѓаните. Каде и да сум, секогаш ќе бидам тука за Аеродром. Овој пат Македонија мораме да ја издигнеме над просечноста, ја победивме апатијата, но тоа не е доволно, време е да ја промениме реалноста и да ги започнеме промените.

 Македоноија не смее да остане на опашката во евро интеграциите. Мораме да покажеме одлучност и посветеност во исполнување на стратешките интереси за полноправно членство во ЕУ. Но и спремност да ги одбраниме идентитетските прашања кои се наше право и должност.

 Воедно да ја употребиме дипломатиката во функција на економијата. Да привлекуваме инвестиции кои ќе го отворат патот за подобар живот и повисок животен стандард. Македонија ќе биде почитувана. Ќе работиме макотрпно во промоциjа на вредностите во кои верувам. Државата да ја вратиме на народот. Инвестиции и дипломатија за тебе, за сите нас. Почнуваме!

 

Линк од објава на Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и предлог министер за надворешни работи

https://www.facebook.com/TimcoMucunski/videos/676767607938471/

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан