• понеделник, 23 декември 2024

Муцунски: Во случај на најлошо сценарио да нема датум за преговори со ЕУ, на Македонија и треба национална европска агенда

Муцунски: Во случај на најлошо сценарио да нема датум за преговори со ЕУ, на Македонија и треба национална европска агенда
10 ноември 2020    Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Топ тема“ што се емитува на телевизија Телма рече дека Република Македонија треба да воспостави национална европска стратегија и така ќе биде подготвена доколку се случи најлошо сценарио, а тоа  е да нема датум за преговори со ЕУ поради бугарските ставови. „Треба да имаме агенда за усогласување на нашето законодавство и да продолжиме со реформи, треба да имаме самофокус. Сите сакаме членство во ЕУ, ама како да не го разбираат сите тоа. Факт е дека нас ни треба консензус и агенда. Како на пример тоа е да се погледнеме и да кажеме нема реформи во правосудство, потоа има корупција, не можеме да организираме попис. Треба да ја реформираме Македонија поради нас и мора да е ЕУ приоритет, но не не смееме да потпишеме било каков документ кој не негира, не смееме да се откажеме од историјата “, рече Муцунски. Според Муцунски нашата позиција ја прави дефицитарна, тоа што кај Бугарија има единствено, а кај нас на некој начин отсуствува и општ консензус. „Ние сега имаме пракса на асиметрични договори се бара премногу од Македонија, тоа е пракса од Договорот од Преспа, потоа Договорот со Бугарија. Ова е Влада која по дваесет и неколку години направи чекор кој не го направила ниту една една друга влада во однос на промена на уставното име и тоа покрај волјата на народот“, рече Муцунски. Пратеникот се осврна и на бугарските ставови укажувајќи дека „Бугарија има доста апсурдна позиција“. „Се работи за една позиција на Бугарија која дипломатски кажано е доста апсурдна, бидејќи вели не поддржува, а во реалност не блокира“, рече Муцунски. Според него доколку дојде до вето од Бугарија тоа би било  крајно неодговорен чекор кон Република Македонија примарно, бидејќи ќе наштети на нашиот стратешки интерес да станеме земја членка на ЕУ,  ќе има негативни импликации кон регионот, а ќе го намали и кредибилитетот на ЕУ.   Со почит, Центар за комуникации ВМРО ДПМНЕ  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан