• петок, 22 ноември 2024

Мустафа: Курти и Османи не треба да комуницираат со косовските Срби преку специјалците

Мустафа: Курти и Османи не треба да комуницираат со косовските Срби преку специјалците

Приштина, 1 јуни 2022 (МИА) – Поранешниот косовски премиер и доскорешен лидер на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Иса Мустафа вели дека актуелните државни челници на Косово, премиерот Албин Курти и претседателката на државата, Вјоса Османи, „одбрале погрешен начин“ за комуницирање со припадниците на српското малцинство во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Мустафа, грешката на Курти и Османи е дека со косовските Срби решиле „да комуницираат преку специјалните единици“ на полицијата на Косово.

- Би требло да се вложат напори да се комуницира преку институции и граѓани на северот. И не само таму, туку и во општините во внатрешноста на земјата каде што има Срби. Со јазикот, дискурсот и методите со кои се служат претседателката и премиерот не гледам можност дека тоа може да се случи. Одбрале погрешен начин, со Србите да комуницираат преку специјалните единици, изјави Мустафа за порталот „Фронт онлајн“. иа/ми/

Остани поврзан