• петок, 22 ноември 2024

Муслиу потпиша за германски Инголштад

Муслиу потпиша за германски Инголштад
Инголштад, 19 јануари 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу го напушти унгарското првенство и ги засили редовите на Инголштад, објави денеска германскиот второлигаш. Стандардниот репрезентативен дефанзивец се пресели во германскиот второлигаш од редовите на унгарски МОЛ Фехервар за кој настапуваше од 2019 година и на 60 натпревари постигна два гола. - Среќен сум што потпишав за Инголштад. Чувството кога играш фудбал во Германија е посебно, а првите впечатоци тука се позитивни. Можам да ветам дека ќе го даде максимумот од себе за да му помогнам на клубот да ги оствариме зацртаните цели, порача македонскиот дефанзивец на промоцијата.ег/фф/

Остани поврзан