• петок, 05 декември 2025

Муртезани: Презентирана тековната реализација на Реформската агенда, процесот согласно утврдената временска рамка

Муртезани: Презентирана тековната реализација на Реформската агенда, процесот согласно утврдената временска рамка

Скопје, 16 јули 2025 

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска одржа тематски брифинг со претставници на медиумите, посветен на спроведувањето на Реформската агенда 2024 - 2027 година, како дел од редовната, навремена и транспарентна комуникација со медиумите и со јавноста, кои се важен елемент во унапредувањето на европскиот реформски процес.

На брифингот беше направен преглед на досегашните резултати, презентирана тековната реализација и најавени беа следните чекори во имплементацијата на Агендата, која претставува стратешки документ што го трасира патот кон усогласување со европските стандарди во пет приоритетни области: управување со јавни финансии, енергетска транзиција, подобрување на деловната клима, владеење на правото и дигитална трансформација.

Министерот Муртезани информираше дека дел од реформските мерки се веќе успешно спроведени и потврдени од страна на Европската комисија, додека за останатите се продолжува со стабилен и структуриран реформски процес, согласно утврдената временска рамка.

Остварените резултати досега овозможија активирање на значителна европска финансиска поддршка, а Муртезани нагласи дека реформите што се спроведуваат не претставуваат формалност, туку суштинска алатка за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на економските перформанси и унапредување на квалитетот на јавните услуги.

Министерство за европски прашања

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МЕП

 

Остани поврзан