• недела, 24 ноември 2024

Мурињо ќе работи како стручен коментатор за време на Евро 2020

Мурињо ќе работи како стручен коментатор за време на Евро 2020
Лондон, 30 април 2021 (МИА) - Поранешниот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо, потпиша договор со британското спортско радио „talkSPORT“. Педесет и осумгодишниот тренер ќе служи како експерт за три настапи на Англија во составот во групната фаза на Европското првенство УЕФА во 2020 година, како и во плејофот и финалето. Меѓу другите ко-коментатори се и поранешните играчи Стјуарт Пирс, Тревор Синклер, Али Мекојст и Алан Бразил. На 19 април, Тотенхем го отпушти Мурињо. Тој беше тренер и на Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и други клубови. зс/

Остани поврзан