• петок, 05 декември 2025

Мултимедијална средба со Владимир Мартиновски во Битола

Мултимедијална средба со Владимир Мартиновски во Битола

Битола, 30 мај 2025 (МИА) - Француското конзуларно претставништво и Француската алијанса од Битола, во соработка со EU Hоuse, приредија  мултимедијална средба со професорот Владимир Мартиновски.

На средбата со македонскиот реномиран поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач, врвен познавач на француската книжевност, професор и актуелен декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј ", публиката имаше можност да бидат дел од инспиративно патување низ француската книжевност, француската поезија, музика и уметност.

За значењето на мултимедијална средба што се одржа во битолскиот Офицерски дом, пред присутните гости, меѓу нив и градоначалникот Тони Коњановски, говореше почесната конзулка на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.мт/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан