Мулер ќе го игра во своето прво финале на АТП 500
- Светскиот рекет број 60, Александре Милер стигна до своето прво финале на АТП 500.

Рио, 23 февруари 2025 (МИА) - Светскиот рекет број 60, Александре Милер стигна до своето прво финале на АТП 500.
Тој во полуфиналето на турнирот во Рио го победи Франциско Комесања со резултат 7:5, 6:7(3), 6:3.
Дваесет и осумгодишниот Французин претходно играше во две финалиња од главната рунда. Својата дебитантска титула ја освои на почетокот на оваа сезона на турнир во Хонг Конг.
Во финалето во Рио, Мулер ќе игра со Себастијан Баез (31. на АТП ранг-листата), со кого никогаш досега не се сретнал.
Финалето е закажано за вечер од 20:30 часот.
Французинот во понеделник ќе дебитира во топ 50 и ќе стане 41-виот рекет ако загуби или 32-ри ако ја освои титулата во Бразил. зс/
Фото: ЕПА