• четврток, 19 декември 2024

МП: Владата и граѓанскиот сектор заедно ќе се борат против криминалот и корупцијата

МП: Владата и граѓанскиот сектор заедно ќе се борат против криминалот и корупцијата

Скопје, 25 септември 2024

Министерот за правда Игор Филков заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дел од министрите учествуваше на првата од серијата средби со граѓанскиот сектор „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор” на тема:Владеење на право, добро владеење и борба против корупцијата во организација на Меѓународниот Републикански Институт.

Борбата против криминалот и корупцијата  мора да биде одлучна а целта на Владата е преку дијалог и комуникација со граѓанските организации да се овозможи подобро функционирање на институциите и добро владеење.

Министерот за правда Игор Филков истакна дека граѓанските организации,неформалните мрежи и активистите се вклучени во активностите на Министерството за правда.

,,Вратата на граѓанските организации е отворена, а тоа се докажува со тоа што во секоја работна група на измените на законите, подзаконските акти, изготвувањето на стратегии, прирачници, овие организации се дел од нив и активно се вклучени заедно со вработените од Министерството за правда со кои имаат успешна соработка. Секогаш, без исклучок се вклучени и во сите дебати и јавни расправи што ги иницира Министерството за правда а нивните препораки, ги следиме и ги земаме предвид  со исклучително внимание”,рече министерот за правда Игор Филков.

Министерот Филков порача дека сферата на владеење на правото и борбата против корупцијата се клучни приоритети за сите нас а тоа може да се постигне само со заеднички заложби на институциите и граѓанското општество.

 

Министерство за правда

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан