• сабота, 23 ноември 2024

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Мотоциклист почина на релито „Дакар“
Ријад, 12 јануари 2020 (МИА) - Португалскиот возач на мотоцикли Пауло Гонсалвес почина во текот на седмата етапа на релито „Дакар“. Ова го соопштија организаторите. Тој паднал од мотор на 276 км од седмата етапа на патеката. Медицински хеликоптер пристигнал на местото на трагедијата, лекарите го реанимализирале на местото на настанот, по што бил пренесен во болница каде е констатирана неговата смрт. Четириесет-годишниот Гонсалвес по 13-ти пат учествуваше на релито „Дакар“. Неговото највисоко достигнување беше второто место во генералниот пласман кај мотоциклистите во 2015 година. По шестата фаза на сегашниот „Дакар“, Португалецот беше на 46-тото место во пласманот.

Тагови

Остани поврзан