• сабота, 23 ноември 2024

Мостот на реката Брегалница кај карбинското село Долни Балван ќе се санира од наредната недела

Мостот на реката Брегалница кај карбинското село Долни Балван ќе се санира од наредната недела
Карбинци, 2 септември 2022 (МИА) - Санацијата на мостотот на река Брегалница кај селото Долни Балван ќе почне наредната недела. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека денеска е потпишан договорот со изведувачот,  а ќе се работи во зависност од тоа колку дозволуваат временски услови. Крајниот рок за завршување на мостот е до крајот на годината. -Денеска официјално потпишавме договор со изведувачот кој го избравме по пат на јавна набавка. Имено се работи за реконструкција на мостот во износ од 8.900.000 денари плус ДДВ. Она што го очекуваме е дека градежните активности би требало да започнат веќе од следната недела, во зависност од условите коишто ќе ги има во следниов период, изјави Паунов. Посочи  дека финансиските средства се обезбедени од Министерството за локална самоупрва, а дел се  сопствени средства од Буџетот на Општина Карбинци. -Средствата се обезбедени од Министерството за локална самоупрва, имено се работи за средства во висина од 5.800.000 денари со тоа што остатокот од парите ќе бидат со кофинасирање од Буџетот на Општина Карбинци, додаде Паунов. Мостот кој ги поврзува селата Долни Балван и Таринци е забранет за сообраќај повеќе од осум месеци, односно беше оштетен во декември минатата година кога надојде водата од река Брегалница. Оттогаш е затворен за сообраќај и не треба да се користи, но и покрај поставената патна сигнализација и песок на неколку места повторно се користи од страна на возачите. вдј/вј/

Остани поврзан