• петок, 22 ноември 2024

Москва: Реципрочните мерки се подготвени, ако Западот го искористи приходот од замрзнатите руски средства за помош на Украина

Москва: Реципрочните мерки се подготвени, ако Западот го искористи приходот од замрзнатите руски средства за помош на Украина

Москва, 19 јуни 2024 (МИА) - Русија има „значителни количини“ западни средства и имоти на своја територија, кој би можел да биде предмет на реципрочни мерки ако Западот го искористи приходот од замрзнатите руски средства за помош на Украина, изјави портпаролката на руското Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

„Нашата земја има значителни количини западни средства и имоти кои се под руска јурисдикција. Сето тоа може да биде предмет на руската политика на возвратување“, рече Захарова.

Лидерите на членките на Групата седум на самитот во Италија минатата недела се договорија да ги искористат каматите од замрзнатите руски средства во западните банки за да обезбедат заем од 50 милијарди долари за Украина.
Русија тврди дека тоа е нелегално.

Економисти, адвокати и експерти велат дека најверојатниот чекор што Русија би го презела во тој случај би била конфискација на финансиски средства и обврзници на странски инвеститори, кои во моментов се чуваат на посебни сметки, а пристапот им е блокиран од почетокот на војната во Украина.

Околу 260 милијарди евра руски средства, меѓу кои и резерви на централната банка, се замрзнати под санкциите воведени поради војната. Околу 190 милијарди евра средства се чуваат во Euroclear, централен депозитар за хартии од вредност со седиште во Белгија. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан