• петок, 22 ноември 2024

Моравјецки: Полска ја осудува „огромната себичност“ на западните земји, вклучително и Германија

Моравјецки: Полска ја осудува „огромната себичност“ на западните земји, вклучително и Германија
Берлин, 26 февруари 2022 (МИА) - Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска во Берлин ја осуди „големата себичност“ на некои западни земји, „вклучувајќи ја и Германија“, по руската инвазија на Украина.
- Затоа дојдов овде, да го посетам канцеларот Олаф Шолц, да ја подигнам совеста на многумина, да ја поттикнам совеста на Германија. И Германците конечно да донесат одлука да воведат навистина моќни санкции против Русија, изјави Моравјецки пред средбата со германскиот федерален канцелар.
Украина ја критикува Германија бидејќи и покрај списокот на воена опрема што и е потребна, од таа земја пристигнуваат само 5.000 шлемови.
Политиката на Берлин е да не испраќа оружје во зоната зафатена од војна, јави ДПА.
Лидерите на Полска и Литванија денеска, пред да заминат на средба со канцеларот Шолц, ја повикаа Европската унија да продолжи да дава поддршка за Украина.
Моравјецки рече дека сите санкции против Русија треба да бидат на маса, вклучително и затворањето на гасоводот „Северен поток 2“, како и забраната за пристап на Русија до глобалниот платен систем СВИФТ (SWIFT).
Литванскиот претседател Гитанас Наузеда рече дека е исклучително важно да се обезбеди „вистинска воена помош“ за Украина.
Полска и Литванија граничат со Русија и Белорусија, а Полска граничи и со Украина. паг/
 

Остани поврзан