• среда, 20 ноември 2024

МОН ја вклучува јавноста во подготовката на новите наставни програми и ревидирање на постојните за основно и средно образование

МОН ја вклучува јавноста во подготовката на новите наставни програми и ревидирање на постојните за основно и средно образование

Скопје, 10 февруари 2023 (МИА) - Министерството за образование и наука соопшти дека ја вклучува јавноста во реформирањето на националниот образовен систем, водејќи се од принципите на транспарентност и инклузивност во креирањето на образовните политики. 

Како што наведуваат од МОН, еден од приоритетите во овој процес е унапредување на содржината на наставните програми во основното и средното образование и во таа насока, Министерството ги повикува сите заинтересирани, засегнати чинители и особено стручната јавност да дадат свои сугестии за менување на постојните наставни програми, но и сугестии за изработка на нови.

-Унапредувањето на содржините на наставните програми е процес во кој е повикан да се вклучи секој родител, наставник, стручна и научна јавност, затоа што само со активно учество на засегнатите страни националниот образовен систем може да фати чекор со динамиката на 21 век. Очекуваме конструктивни и ефективни сугестии, кои се важни патокази во заедничката заложба за подобрување на квалитетот на образованието како основа за севкупен развој и просперитет на државата, за социјална трансформација и демократизација, стои во соопштението на Министерството.

Наставните програми во основно и средно образование може да се погледнат на следните линкови:

- за I, II, IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение: https://www.bro.gov.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/?idcat=50&customposttype=documents_category

-за III одделение на https://www.bro.gov.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-iii-%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D1%87/

-за средно образование, општо-образовни предмети на линкот https://www.bro.gov.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/?idcat=13&customposttype=documents_category

-и за средно стручно образование на линкот https://csoo.edu.mk/pocetna/struki/.

Сугестии, забелешки и коментари може да се испраќаат преку е-пошта kabinet@mon.gov.mk најдоцна до 28 февруари, годинава. вг/ац/

 

 

 

Остани поврзан