МОН со 8,4 милиони денари ги подобри условите во основното училиште во Форино, гостиварско
- На пригодна свеченост во селото Форино, општина Гостивар, денес беше означен крајот на работите и промовирано последното вложување со кое значително се подобрени условите за настава и престој во ОУ „Форина“.
Гостивар, 8 ноември 2023 (МИА) – На пригодна свеченост во селото Форино, општина Гостивар, денес беше означен крајот на работите и промовирано последното вложување со кое значително се подобрени условите за настава и престој во ОУ „Форина“.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во обраќањето напомена дека за санација на фасадата, замената на прозорците и опремување на кабинетите биле инвестирани околу 8,4 милиони денари.
Шаќири напомна дека МОН во овој период, вакви вложувања ќе спроведе во уште шеесетина основни и средни училишта низ земјава. Во изминатиов период од една година, во гостиварско се вложило во уште три училишта кои припаѓаат на општина Гостивар.

Претседателот на Советот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани искажа благодарност до жителите на Форино кој ангажирале и имаа директен придонес за реализација на овој зафат кој, како што рече е резултат на соработката на општина Гостивар и Канцеларијата за капитални инвестиции при Министерството за образование и наука.
Претседателот на Собранието, Таљат Џафери, кој по потекло е од Форино, во поздравното обраќање потсети на долгата историјата на оваа образовна институција и важноста од нејзиното основање и побара од министерот Шаќири идниот поголем зафат да биде изградба на спортска сала. згм/ир
ФОТО: МИА