• петок, 22 ноември 2024

МОН и БРО потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми за седмо, осмо и деветто одделение

МОН и БРО потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми за седмо, осмо и деветто одделение

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците, да се запознаат и доколку имаат сугестии и предлог-решенија за евентуални промени, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

Забелешките/сугестиите и предлог-решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во  формулар којшто треба да се преземе од веб-страницата на МОН и  да се достави на електронската адреса за соодветното одделение: nastavniprogrami7@mon.gov.mk, nastavniprogrami8@mon.gov.mk или nastavniprogrami9@mon.gov.mk

Наставните програми може да се симнат од веб-страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација.

Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август.

Министерството за образование и наука соопшти дека во интерес на транспарентноста на процесот, заедно со Бирото за развој на образованието ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе бидат презентирани јавно.

МОН посочува дека новите наставни програми, креирани врз основа на забелешките и сугестиите од јавните консултации,  ќе се воведуваат етапно - од учебната 2025/2026 година во седмо одделение, 2026/2027 година во осмо одделение и во 2027/2028 година во деветто одделение.

-Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/2025 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Затоа, промените кои следуваат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците, соопшти Министерството за образование и наука. хс/бак/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан