• вторник, 24 декември 2024

МОН и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение

МОН и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение. Во соопштението од МОН се наведува дека сите засегнати страни за подобрување на квалитетот на основното образование ќе можат да учествуваат во јавната консултација со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од страна на стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од основните
училишта.

Јавната консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение, се додава, е со цел засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со наставните програми и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

- Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците, стои во соопштението од МОН.

Се очекува, соопштија од МОН, сите заинтересирани да се вклучат во јавната консултација и да дадат придонес во подобрување на квалитетот на наставните програми, а со тоа и на целокупниот наставен процес во основното образование.

Новите наставни програми,се подвлекува меѓу другото, ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение. цр/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан