• вторник, 05 ноември 2024

МОН: Електронски се поднесуваат документи за продолжување на ученичките стипендии, рокот завршува на 30 септември

МОН: Електронски се поднесуваат документи за продолжување на ученичките стипендии, рокот завршува на 30 септември

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година.

Министерството за образование соопшти дека учениците кои нема да постапат согласно оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото.

За каква било информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk ев/ац/

Фото: МОН

Остани поврзан