• среда, 31 јули 2024

Монца, Милан и Интер му го честитаа 80-от роденден на Галијани

Монца, Милан и Интер му го честитаа 80-от роденден на Галијани

Милано, 31 јули 2024 (МИА) - Потпретседателот на Монца, Адријано Галијани вчера наполни 80 години.

- 80 години вистинска страст - од целото црвено-бело семејство, Среќен роденден, шефе! Нема поуникатен навивач на Монца од тебе, се вели во соопштението на клубот.

И Милан му го честиташе јубилејниот роденден на Галијани.

- Голем дел од нашата - Адријано Галијани наполни 80 години, објавија Росонерите, каде Галијани беше потпретседател 31 година. За време на неговиот мандат, Милан освои најголем број трофеи во својата историја.

Градскиот ривал на Милан, не го заборави роденденот на Галијани.

- Најдобри желби до Адријано Галијани на неговиот 80-ти роденден, тој помина повеќе од половина од својот живот во фудбалот, се вели во соопштението на Интер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан