• петок, 22 ноември 2024

Монца заинтересирана за Белоти кој чини повеќе од половина од тимот

Монца заинтересирана за Белоти кој чини повеќе од половина од тимот

Монца, 31 мај 2022 (МИА) - Монца, која следната сезона ќе игра во првата дивизија на италијанското фудбалско првенство, има намера да го ангажира напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, пишува „La Stampa“.

Договорот на 28-годишниот напаѓач со сегашниот негов клуб истекува на 30 јуни оваа година. Така, дебитантот во Серија А може бесплатно да потпише со напаѓачот на Италија.

Белоти оваа сезона одигра 23 натпревари за Торино и постигна осум голови. Вредноста на напаѓачот според „ Transfermarkt“ е 28 милиони евра. Вкупната вредност на сите играчи на Монца едвај надминува 45 милиони евра.

Монца во неделата се пласираше во Серија А, победувајќи ја Пиза со 4:3 во баражот.

Новајлијата во италијанското првенство е во сопственост на поранешниот премиер Силвио Берлускони. зс/

Остани поврзан