• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Монодрамата „Избувливиот човек“ вечерва на сцената на штипскиот Театар, средствата ќе се донираат за настраданите во кочанската дискотека

Монодрамата „Избувливиот човек“ вечерва на сцената на штипскиот Театар, средствата ќе се донираат за настраданите во кочанската дискотека

Штип, 10 април 2025 (МИА) – Монодрамата „Избувливиот човек“, која е работена во Националната установа Центар за култура (НУЦК) „Бели Мугри“ во Кочани, а во соработка со НУЦК „Ацо Шопов“-Штип вечерва во 20 часот ќе се одигра на сцената на Народниот театар Штип (НТШ). Средствата од продадените билети ќе бидат донирани на настраданите во трагедијата што се случи во Кочани на 16 март.

Во соопштението од Народниот театар Штип по тој повод ги покануваат граѓаните да ја проследите изведбата на монодрамата „Избувлиовиот човек“.

-„Избувливиот човек“ е претстава која беше работена во склоп на годишната програма на НУЦК „Бели мугри" Кочани за 2020-та година. Гостувањето е резултат на проект насловен Гостувања во РСМ во чиј склоп е и оваа претстава за гостувања во неколку градови ширум нашата држава. Претставата е добитник на наградата од публиката на минатогодишниот Фестивал за монодрама во Битола. “Избувливиот човек” е црна комедија, монодрама, расказ на Антон Павлович Чехов, се вели во соопштението од НУЦК „Ацо Шопов“-Штип.

Режисерот на монодрамата е Перо Даниловски, а актерската игра е на Ефтим Ѓаурски. вдј/дма/

Фото: Плакат

Остани поврзан