• недела, 07 јули 2024

Монета во чест на сер Елтон Џон

Монета во чест на сер Елтон Џон
Лондон, 6 јули 2020 (МИА) - Британскиот музичар сер Елтон Џон денеска стана вториот уметник за оваа година, со ликот на комеморативна монета на британската Кралска ковница. Паричката ја дизајнираше Бредли Морган Џонсон, а на неа се прикажани ноти, како и сламен шешир и очила, по коишто Елтон Џон е познат. Познатиот пејач изјави дека е почестен од ова признание. Сер Елтон Џон ја има добиено и титулата витез, која 1998 година му ја доделила британска кралица Елизабета Втора. Претходно годинава, своја монета од британската Кралска ковница доби и рок-групата „Квин“.  си/

Остани поврзан