• среда, 17 јули 2024

Монако и Реал изборија „Фајнал фор“ во Евролигата

Монако и Реал изборија „Фајнал фор“ во Евролигата

Мадрид, 11 мај 2023 (МИА) – Екипите на Монако и на  Реал Мадрид се пласираа на завршниот Ф4 турнир во елитната кошаркарска Евролига. Ова е епилогот по синоќешните мајсторки во последните две четвртфинални пресметки.

 

Во Мадрид, Реал по голема борба го совлада Партизан со 98:94 и од 0:2 стигна до 3:2 во победи. Монако, исто така го искористи домашниот терен во петтиот меч од пресметката со Макаби и славеше со 97:86.

 

На завршниот турнир во Каунас, Реал ќе се соочи со Барселона, додека Монако ќе игра со Олимпијакос. зс/

 

Фото: Евролига

Остани поврзан