• недела, 22 декември 2024

МОК додели 11 „Златни олимпии“ за најдобрите жени во спортот во 2023 година 

МОК додели 11 „Златни олимпии“ за најдобрите жени во спортот во 2023 година 

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Националната шампионка со освоено злато на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг, Мери Акиевска ја доби наградата „Златна Олимпија“ за најуспешна спортистка за 2023 година.

Македонскиот олимписки комитет вечерва по трет пат ја додели наградата „Златна Олимпија“ во вкупно 11 категории.

За најдобра спортистка со попреченост годинава беше прогласена Јулијана Петровска – Специјална олимпијада на Македонија, додека, за најдобра млада спортистка беше прогласена Мила Релиќ- таеквондо.

За најдобар женски тренер вечерва беше прогласена Билјана Црвенковска, а за најдобра женска репрезентација е прогласена фудбалската репрезентација до 17 години.

Посебното признание за животно дело вечерва замина во рацете на Катица Димова, додека наградата за спортски подвиг за 2023 го освои Благица Владимирова.

Најуспешна спортска новинарка, според МОК, годинава е Јана Серафимовa Петровска, а најуспешна спортска менаџерка Билјана Кузмановска Николовска.

Анета Павловска беше прогласена за најдобра судијка, а Велосипедската федерација за најуспешна федерација во унапредување на родова еднаквост.

МОК вечерва додели и повеќе признанија на партнери и соработници од Северна Македонија и странство. ар/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан