Мозес потпиша за Спартак Москва
- Спартак бараше десен бек и Серж Орие беше опција, но Моузес одговара на концептот иако е офанзивен играч.
Москва, 15 октомври 2020 (МИА) - Виктор Моузес се пресели во Спартак Москва од Челси како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за подоцнежен откуп.
Спартак бараше десен бек и Серж Орие беше опција, но Моузес одговара на концептот иако е офанзивен играч.
Во систем со тројца играчи во дефанзивната линија, Моузес би ја покрил целата страна, а неговата кариера ја одбележаа позајмиците од Челси во Ливерпул, Стоук, Вест Хем, Фенербахче и Интер.
Играше во големи клубови, не му е чудно да ги смени позициите и да се прилагоди на идеите на тренерот, а дојде во вистинско време за Спартак.
„Црвено-белите“ повторно се конкурентни во борбата за титулата, по 10 кола имаат 21 бод, како и Зенит, со кои го делат врвот на табелата.