• понеделник, 23 декември 2024

Модерна не доби одобрување од ФДА за трета доза вакцина против Ковид-19

Модерна не доби одобрување од ФДА за трета доза вакцина против Ковид-19
Вашингтон, 13 октомври 2021 (МИА) - Модерна не доби одобрување од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за дополнителна доза вакцина против Ковид-19 бидејќи не ги исполнила условите. ФДА наведува дека податоците за вакцината на Модерна покажуваат дека третата доза ги зголемува антителата, но оти не е доволна разликата во нивоата на антитела пред и по дополнителната доза. Група советници од Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) следната недела ќе разговараат за специфичните препорака за тоа кој може да прими трета доза во САД, доколку ФДА одобри одредена вакцина. ми/

Остани поврзан