• сабота, 23 ноември 2024

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во земјава

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во земјава

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ на 9 октомври ќе го отвори седмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.

Во претставата играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Ден потоа, на 10 октомври, во рамките на официјалната програма на ИФАД „Стоби“, на сцената на „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“. Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат Симона Спировска — Агава, Александар Михајловски-Пентеј, а актерите Григор Јовановски-Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.

Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу Перипетија продукција - Скопје, Македонски народен театар и Градски театар од Јанина, Грција.

Двете претстави се во режија на Нина Николиќ. бт/нд/

Фото: МНТ

Остани поврзан