• понеделник, 23 декември 2024

МНР: Митрева ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во заштитата и промовирањето на интересите на државата

МНР: Митрева ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во заштитата и промовирањето на интересите на државата
Скопје, 1 август 2022 (МИА) - Вработените во Министерството за надворешни работи со големо жалење ја примија веста за смртта на Илинка Митрева,  поранешна министерка за надворешни работи, информира МНР. - Митрева остави голем печат врз работењето на Министерството. Ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во остварувањето на надворешно-политичките приоритети, заштитата и промовирањето на интересите на државата, се наведува во соопштението. Од МНР посочуваат дека за време на нејзиниот мандат, посебно место зазема добивањето на кандидатски​от статус за членство во Европската унија. - Митрева, која беше иницијатор и за донесување на првиот Закон за надворешни работи, постави високи стандарди во секојдневното работење, давајќи личен пример со својот безрезервен ангажман, за што беше ценета и уважувана од вработените. Министерството изразува најискрено сочувство до нејзиното семејство, се додава во соопштението.

Остани поврзан