Многу насмеани детски лица: Викендов се одржа "ПОТОЧИЊА 2025"

Викендов на 12 и 13 април во Филхармонија по 22. пат се одржа детскиот фестивал Поточиња. Најавените шест претстави беа исполнети до последното место со насмеани и распеани деца кои со многу еуфорија и емоција на првите тактови на популарната фестивалска химна ги пречекаа децата - учесници на големата сцена.
Маскотата - водител Поки (актерот Мартин Јорданоски) веднаш ја крена публиката на нозе и со првата песна "Дајте сите рачиња" се разлеа громогласен аплауз. Се редеа новите 17 песни од фестивалскиот репертоар, а вниманието на детската публика не изостана до самиот крај на фестивалот. Последната песна "Стоп за војните" упати искрена детска порака за поубав свет. Поточиња 2025 имаше и хуманитарен карактер. Целиот приход од продадената дискографија на фестивалските денови, како и дел од средствата обезбедени од продажба на билетите ќе биде дониран за настраданите од несреќата во Кочани.
Новите песни изведени на Поточиња 2025 веќе се објавени на Youtube каналот Potocinja и истите може да се слушнат на следната плејлиста
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.