• петок, 22 ноември 2024

ММА: Самоволие и тешко кривично дело прекинот на ТВ програмите

ММА: Самоволие и тешко кривично дело прекинот на ТВ програмите
Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) - Самоволие и тешко кривично дело е вечерашниот едночасовен прекин на емитувањето на ТВ програмите од страна на кабелските оператори, смета Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма.  ММА им укажува на гледачите дека петте телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат,  како и дека управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност. Оттаму велат дека „се вчудовидени од денешниот потег на кабелските оператори, со кој цел час беше направен упад во нашите програми, и наместо реемитување на програмата, одеше бланк и некакво соопштение од операторите“. - Причините за ова самоволие и тешко кривично дело не ни се познати. Кабелските оператори велат дека станувало збор за некаква неуставна законска регулатива, но за спорови околу уставноста на законите се произнесува Уставен суд, а не се прекршуваат договорите за реемитување со телевизиите, и не се малтретираат корисниците и гледачите кои за услугите плаќаат за да гледаат програма. Оние кои произведуваат програма знаат дека екранот е светост, кон црн екран применуваат само оние што не знаат колку е тешка работата да се произведе гледана и квалитетна содржина, туку се научени без никаква надокнада да преземаат содржина и од тоа да прават профити, наведе ММ во соопштение. Особено сме изненадени, дополнуваат оттаму, од самоволието на Дојче Телеком и А1 Австрија, како убедливо најголеми оператори, бидејќи знаеме дека овие компании не би ни помислиле да сторат вакви кривични дела во нивните држави. -Една од причините за ваквата аздисаност и крајно некоректно однесување, е и фактот што кабелските оператори постојано нелегално реемитуваат телевизиски канали и програми за кои немаат регулирано авторски и сродни права, за што имаат десетици кривични пријави и тужби, а јавното обвинителство не постапува против овие осомничени криминалци, со цврсти и обемни докази и аргументација. Непостапувањето на обвинителството доведе до постојано преповторување на истите кривични дела со пиратерија, како и денешното ново кривично дело- а тоа е дрзок упад во програмите на петте национални телевизии во Македонија –настан без преседан во Европа, стои во соопштеието. ММА наведува и дека петте национални телевизии имаат валидни договори со операторите во кои, посочва -  прецизно стои дека операторите немаат право на каква било измена на програмата – како што направија денес. -Сакаме да ги известиме гледачите дека нашите 5 телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат, а Управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност. Се надеваме дека институциите и обвинителството соодветно ќе реагираат за овие прекршители да немаат можност да го повторат ова исто кривично дело, а дека Владата и институциите ѓе ги заштитат авторските и сродните права како што е насекаде во Европа, и нема да подлегнат на вакви уцени и силеџиство, што сите го видовме вечерва, соопшти ММА. Кабелските оператори велерва по 18 часот времено го прекинаа реемитувањето на телевизиските програми со исклучок на тие од јавниот сервис, во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Министерот за информатичко општество дамјан Манчевски, пак, им порача дека за тоа дали енешто уставно или не надлежна институција е Уставниот. Ресорното Министерство во соопштение наведе дека  е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации, притоа упатувајќи и на условите под кои може да дојде до прекин на емитувањето на програмите, како и на последиците од непочитувањето на ЗЕК. Корисниците на услугите на операторите ги советува дека законски имаат право за надомест на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори, како и соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации.лв/

Остани поврзан