• вторник, 05 ноември 2024

Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто во споредба со други земји од ЕУ

Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто во споредба со други земји од ЕУ

Атина, 3 јануари 2024 (МИА) – Цената на млекото за бебиња е од 30 до 213 отсто поскапо на грчкиот пазар во споредба со други европски земји, рече министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, потврдувајќи ги податоците од Комисијата за конкурентност што ги објавуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истражувањето на Комисијата, во ноември, млекото за бебиња до шест месеци и од шест до 12 месеци е најскапо во Грција споредено со другите земји од Европската Унија, но и е за 213 отсто поскапо во споредба со цените на истиот производ во Шведска.

Скрекас посочи дека целта е цената на бебешкото млеко да се приближи до европскиот просек, но и да се извршат контроли во случај да постои профитерство од компаниите.

За цените на основните продукти во Грција, министерот за развој рече дека за 1.300 производи е стабилизирана цената со попуст од пет отсто и ќе важи во следните шест месеци. ср/сд/

Остани поврзан