Млади музичари ќе се натпреваруваат на меѓународен фестивал во Штип
- Четврта година по ред ќе се одржи меѓународен фестивал на млади музичари со натпреварувачки карактер во Штип. Директорот на Државното средно училиште (ДСУ) „Сергеј Михајлов“-Штип, Горан Кавраков на денешната прес-конференција рече натпреварот е во организација на Здружението за култура, уметност и наука „Уметност за сите“ - Штип и ДСУ „Сергеј Михајлов“, а ќе се одржи во периодот од 11 до 18 мај.
Штип, 9 мај 2023 (МИА) - Четврта година по ред ќе се одржи меѓународен фестивал на млади музичари со натпреварувачки карактер во Штип. Директорот на Државното средно училиште (ДСУ) „Сергеј Михајлов“-Штип, Горан Кавраков на денешната прес-конференција рече натпреварот е во организација на Здружението за култура, уметност и наука „Уметност за сите“ - Штип и ДСУ „Сергеј Михајлов“, а ќе се одржи во периодот од 11 до 18 мај.
- Благодарение на големата поддршка од колегите и целиот организационен тим кој работи на овој проект, составен од претседателот, м-р Филип Стевановски, и членовите, м-р Елена Мирасчиева, м-р Славче Величков, Зоран Настов и Ангела Аревска, сè фунционира во најдобар ред и веќе сме при крај со подготовките. Натпреварот ќе се одржи од 11 до 18 мај, во нашиот град, на повеќе локации, во Домот на културата, Безистенот, Домот на млади, Музичката академија на УГД и во нашето училиште, вели Кавраков.
Претседателот на фестивалот, Филип Стевановски вели дека меѓународниот фестивал бележи рекордна бројка на учесници, што е причина истиот да се одржи на повеќе локации.
Младите музичари ќе се натпреваруваат во дисциплините класична музика, традициски инструменти и состави, поп и џез музика, како и теориските предмети, а на крајот ќе се одржи и завршен концерт.
- Оваа година имаме над 600 натпреварувачи, што, навистина, е една голема бројка која досега не сме ја имале и затоа се раширивме низ целиот град во повеќе сали. Целиот натпревар се одржува истовремено, има учесници од над десет земји, тука е целиот регион, Германија. Со тоа самиот натпревар добива меѓународна класификација. Од сите учесници коишто ќе се натпреваруваат и ќе освојат 100 бода, на завршниот концерт, којшто ќе се одржи на 18 мај (среда), во Безистенот, ќе се избира гранд при во секоја дисциплина на Фестивалот, рече Стевановски.
Натпреварот ќе се одржи комбинирано, „онлајн“ и со физичко присуство, а за најдобрите ќе одлучува Комисија составена од реномирани професори од земјава и странство. вдј/ цр
Фото:МИА