• сабота, 23 ноември 2024

Младите од Делчево се едуцираа за превенција на болести на бубрезите

Младите од Делчево се едуцираа за превенција на болести на бубрезите

Делчево, 14 март 2024 (МИА) – Во Делчево се одржа предавање по повод Светскиот ден на бубрегот - 14 март. Со предавањето беа опфатени ученици во Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ на тема „Значење на бубрезите и процена на пациент со бубрежна болест ".

Предавањето го одржа д-р Моника Анакиева во соработка со Ристе Ѓоргиев и Виолета Марковска. Целта на настанот како што беше кажано на предавањето е едукација на младите за значењето на бубрезите, превенција на болести, степени на нарушување на функцијата и нивен третман.

Во рамки на предавањето беше потенцирано дека во 5 стадиум на бубрежно оштетување неопходен е дијализен третман до момент на трансплантација од жив донатор или кадаверична трансплантација од починат донатор

Организатор на настанот беше Приватната здравствена установа Центар на дијализа „Диамед Македонија“ која е членка на Диаверум како водечки глобален дијализен провајдер преку нејзината Подружница број 3 во Делчево. вс/ир

Фото: МИА

Остани поврзан