• петок, 22 ноември 2024

Младите кошаркари поразени од Исланд, следната сезона ќе настапуваат во „Б“ дивизијата

Младите кошаркари поразени од Исланд, следната сезона ќе настапуваат во „Б“ дивизијата

Гдиња, 20 јули 2024 (МИА) - Во натпреварот за пласман од 13. до 16. позиција на Европското првенство во Полска, македонската машка кошаркарска селекција под 20 години загуби од селекцијата на Исланд со убедливи 116:87. 

Натпреварот беше последна шанса во битката за да се избегнат последните три позиции на првенството кои водат кон преселба во „Б“ дивизијата.

Одбраната беше сериозен проблем во играта на Македонија, а во третата четвртина за само осум минути дозволивме Исланд да постигне неверојатни 37 поени.

Шошкиќ заврши со 19 поени и пет асистенции, Јовановиќ заврши со 17 поени, три скока и две додавања, Иванов имаше 15 коша и пет скока, а Симиќ додаде 11 поени и осум скока.

Во последниот меч од турнирот во Гдиња, во недела нė чека поразениот од натпреварот меѓу Турција и Црна Гора за избегнување на последното место на ова ЕП. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан