• сабота, 21 декември 2024

Мицотакис и Ердоган се согласиле да ја интензивираат соработката за мигрантското прашање

Мицотакис и Ердоган се согласиле да ја интензивираат соработката за мигрантското прашање

Атина, 24 септември 2024 (МИА) – Се договоривме да ја интензивираме соработката за мигрантското прашање во следниот период за разбивање на мрежите на криумчарите, кои ги доведуваат во опасност човечките животи, напиша на платформата „Х“ премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис за средбата со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис и Ердоган се сретнаа во Њујорк на маргините на Генерално собрание на ОН, а ова беше нивна втора средба во изминатите два месеци.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека двајцата лидери го разгледале напредокот во политичкиот дијалог и т.н позитивната агенда, односно економската соработка, а разговарале и за соработката по мигрантското прашање.

Дополнително, ги задолжиле министрите за надворешни работи на двете земји, Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан да започнат подготовки за свикување на следниот Висок совет за соработка Грција-Турција, што ќе се одржи во Анкара во јануари 2025 година, врз основа на Атинската декларација потпишана минатата година. ср/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан