• понеделник, 23 декември 2024

Мицотакис за Мориа: Здравјето и безбедноста на жителите и мигрантите останува наш приоритет

Мицотакис за Мориа: Здравјето и безбедноста на жителите и мигрантите останува наш приоритет
Атина, 9 септември 2020 (МИА) – Наш приоритет останува безбедноста и здравјето на сите и на жителите и на мигрантите, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката за пожарот во бегалскот камп Мориа, јави дописичката на МИА од Атина. -Го изразувам моето жалење за вчерашните настани во Мориа. Ги препознавам тешките околности, но ништо не може да биде алиби за насилните реакции за здравствена контрола, а уште повеќе за немири од вакви размери. Ситуацијата во Мориа не може да продолжи, бидејќи во исто време е прашање за јавното здравје, хуманизмот, но и националнаата безбедност, рече Мицотакис. Грчкиот премиер објсни дека на островот е прогласена вонредна состојба, што во пракса значи дека сите државни средства и сили ќе помогнат во справувањњето со ситуацијата. -Државниот механизам веднаш беше активиран. Лицата ќе бидат сместени во соодветни шатори, позитивните на вирусот ќе добијат нега, а жителите на Лезбос ќе бидат обештетени и заштитени, рече Мицотакис и додаде дека ќе постојат орграничувања за бегалците и мигрантите и нема да им биде дозволено да патуваат. Мицотакис соопшти се известени европските власти, а утре, потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас ќе го посети Лезбос. Рано утрово, во премиерската палата, Мицотакис свика вонреден состанок за ситуацијата на островот, за Лезбос веќе заминаа надлежните министри од Владата за одблиску да ја видат ситуацијата а попладне, на прес конференција од островот ќе излезат со соопштенија за ситуацијата. ср/ссм/

Остани поврзан