• вторник, 05 ноември 2024

Мицотакис ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат што е можно побрзо

Мицотакис ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат што е можно побрзо
Атина, 28 април 2021 (МИА) –  Сакам уште еднаш да ги охрабрам нашите сограѓани да се вакцинираат што е можно побрзо, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и истакна дека од податоците од Одделите за интензивна нега во болниците, 95 отсто од пациентите не се целосно вакцинирани, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис се осврна и на фактот што над 100.000 лица на возраст од 30 до 39 години за само еден ден се пријавиле за вакцинирање и додаде дека е позитивно што процесот на имунизација, односно операцијата „Слобода“ веќе се шири и на продуктивната старосна група. Претседателката на Грција истакна дека е „особено оптимистичко тоа што програмата за вакцинација напредува исклучително добро, бидејќи огромното мнозинство од граѓаните, а сега младите се убедени дека тоа е единственото решение за ослободување од кошмарот на пандемијата“. Сакеларопулу и Мицотакис разговараа и за претстојниот празник и дополнителното олеснување на рестрикциите во Грција, порачувајќи дека не треба да има опуштање. ср/гт/

Остани поврзан