• вторник, 05 ноември 2024

Мицотакис: Вакцината е новогодишен подарок за 2021 година

Мицотакис: Вакцината е новогодишен подарок за 2021 година
Атина, 1 јануари 2021 (МИА) – На пандемијата и вакцината, акцентот го ставија претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во нивните новогодишни видео пораки до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу истакна дека „вакцината е пасош за нашата слобода“, а Мицотакис дека „вакцината е пасош за подобар живот“, но и новогодишен подарок. Грчкиот премиер истакна дека сега е време, „зрело да се помине мостот меѓу крајот на борбата против коронавирусот и почетокот на битката за напредок“. - Вакцината против Ковид претставува новогодишен подарок за 2021 година, а подарок за возврат од нас е целосно прифаќање, бидејќи тоа значи самозаштита, но и солидарност кон нашите сакани, порача грчкиот Мицотакис. Грчката претседателка истакна дека „најоптимистичката порака за Новата година веќе стигна, а тоа е вакцината, пасошот за нашата слобода“. - Вакцинацијата е чин на самопочитување и почитување на општеството како целина, најефикасен, според експертите, штит за заштита на личното и јавното здравје. Но, патот до нормалноста не е краток и лесен. Ќе го поминеме сите заедно, постепено оставајќи ја зад себе нашата скептичноста, внимателно и координирано, почитувајќи ги здравствените протоколи, сè до нашата конечна цел: имунитет на општеството, порача Сакеларопулу и истакна дека 2021 година ќе биде година на надеж и закрепнување. ср/гт/

Остани поврзан