• недела, 22 декември 2024

Мицкоски прифаќа лидерска средба , но нема да се согласи за промена на Уставот

Мицкоски прифаќа лидерска средба , но нема да се согласи за промена на Уставот

Делчево, 29 мај 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на трибина во Делчево истакна дека повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на како што вели, бугарскиот диктат, и дека партијата нема да се согласи за промена на Уставот под овие околности ни сега ни во иднина.

-Секогаш сум бил искрен, и наспроти сите политичари познати од лошото искуство и минато на нашиот народ кои лажеле за состојбите во кои се наоѓаме, секогаш ја кажувам вистината дека да имаме сериозни притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат. Мислат дека со повици за средби, со поединечни разговори ќе попуштат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Но, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и јас, единствено што сме должни е да го слушаме народот на Македонија. Зарем да се оди наспроти огромното мнозинство. Не е визионерство да се гази по мислењето на народот, туку да се води политика во насока на ставовите и гласот на народот, нагласи Мицкоски.

Во својот говор Мицкоски најави дека ќе присуствува на најавената лидерска средбата зошто смета дека е потребно да се учествува на средби кога е во прашање државата. 

„Овие денови најавија лидерска средба. Немам да бидам искрен голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата, затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија, сметам дека е потребно да се учествува. Воедно, на таа средба, сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Делчево

-Воедно, сакам премиерот Ковачевски да е свесен за времето кога договорот ќе пропадне, бидејки дојде време некој сака да го негира нашиот јазик, нашата историја нашето постоење и тоа ни повеќе ни помалку тоа негирање е од земја членка на ЕУ. Никој не може да ме убеди дека подобар договор не можеше да се направи. Знам дека може поинаку може подобар договор, но знам и дека ваква неспособна Влада не сме имале досега, рече Мицкоски.

Според него, секоја Влада треба да го слуша гласот на народот, а вели, оваа Влада на ДУИ  потпомогната од помалиот коалиционен партнер СДСМ го слуша само гладот на парите.

По победата најави дека Делчево ќе биде квалитетно проврзано и вети дека нема да има регионален асфалтиран пат.

Победата на локалните избори граѓаните како што рече треба да ја потврдат на претседателските и парламентарни избори по кои најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има и претседател и мнозинство во Парламентот.

На почетокот на трибината свое обраќање имаа и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, Иван Гоцевски, како и градоначалникот на Пехчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Китански. вс/вг/

Фото : МИА

Остани поврзан