• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: После Водици ќе се знаат министрите во техничката влада, за Чебрен грчкиот инвеститор е доведен во заблуда

Мицкоски: После Водици ќе се знаат министрите во техничката влада, за Чебрен грчкиот инвеститор е доведен во заблуда

Скопје, 3 јануари 2023 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ после Водици (19 јануари) ќе ги соопшти имињата на министрите и дополнителните заменици министри за техничката влада. Засега немало средба на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски со премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски за ова прашање, а, според Мицкоски, нема ни најава. 

-После Водици ќе имаме целосна слика за престојниот состав. Не се брзаме на тој план. ВМРО-ДПМНЕ има голем број на кадри кои можат да одговорат на позициите кои се бараат. Што се однесува до перформансите на техничката влада, сметам дека тие влади досега се покажаа како слаби исполнети со конфликти и бројни кочења. Погледнете, дали се памети некоја прогресивна политика спроведена во тој период, одговорот е не. Она што се памети се препирки. Кочења. Поништени одлуки. И затоа тоа е загубено време за државата. Затоа и предлагав да се укине техничката влада. Сметам дека целите перформанси и вистинската енергија на промените ќе се покаже по смена на власта и формирањето на легитимна и стабилна влада, изјави Мицкоски во интервју за Прес24.

На прашањето дали Наке Чулев ќе биде повторно министер за внатрешни рбаоти во техничката влада вели дека не вели не, но дека треба да се почека бидејќи засега нема донесено одлука. 

За најавените разговори со Ковачевски рече дека немале никаква средба и оти, како што вели Мицкоски, „не постои нешто како јавна најава за тајна средба“ и смета дека  нема потреба да се среќаваат на никакви тајни средби.

-Не знам за Ковачевски, но јас со него немам ништо тајно за споделување. Јас го разбирам него. Сака да имаме средба, потоа тој кај него во партија да им раскажува работи кои не се случиле, да им создава лажна надеж и на тој начин да создава привид за некакво единство, за да ја доддржи партијата во која има евидентно незадоволство по повеќе основи. Тоа се нивни работи, но јас знам дека кога и да имаме средба за тоа ќе биде известена јавноста, рече Мицкоски.

Неговиот коментар за составот на техничката влада вели дека е идентичен со оној за актеулната влада. Разликата, додава, е што речиси десетгодишниот министер за внатрешни рааботи Спасовски ќе биде заменет на заменичкото место со неговата десна рака, неговиот шеф на кабинет.

-Ако станува збор за неговите перформанси, сметам дека тука крушата нема подалеку да падне од дрвото и ќе имаме работа со истите луѓе кои споделуваат исти вредности и погледи. Досега Македонија немала толку ужасно лоша влада која донесе живот кој никогаш не бил полош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За пропаѓањето на тендерот за Чебрен, Мицкоски вели дека пред еден месец предупредил на недоследности во тендерската постапка. Одговара потврдно на прашањето дали грчкиот инвеститор за Чебрен е доведен во заблуда. 

-Владата на Ковачевски повикот го спроведува на непостоечка одлука.На 14 септември 2023 година се носи одлука на Влада каде што се избира најповолен понудувач за Чебрен односно грчкото електростопанство. Владата во таа одлука се повикува и на двата Службени весници каде се објавени претходните одлуки, и онаа во која се вели дека ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, и онаа во која тоа се брише. Јасно е дека процесот е фалименто.И дека ќе удрат во ѕид, рече Мицкоски.  ев/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан