• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа

Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа, работи за сите и дели проекти за Штип, Кочани Велес, дели проекти и за Тетово, Гостивар, Арачиново, Липково, Желино, Врапчиште, Боговиње кои ги решаваат реалните потреби на граѓаните, водоводи, патишта, канализации, училишта, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. 

Порача дека треба да се свртиме на реалните проблеми, како да направиме економска реформа на Тетово, Струмица, Штип, Битола, Прилеп, да го зајакнеме капацитетот на Тетовскиот Универзитет, на Мајка Тереза, да ги изградиме Финки, Факултетот за физика култура, а и покрај Коридор 8 да го направиме и Коридор 10.

 -Треба да живееме со реалните проблеми, како дома да се однесе леб, како да се постави трпеза, доаѓаат празници кога сите треба да сме сплотени и обединети. Распределивме во сите општини и не мериме со кантар колку Македонци или Албанци ќе ја газат, ќе ја газат сите, ќе имаат улица, а до вчера имале кал. Вода немале во 21 век, сега ќе имаат вода. Тоа е суштината на функционирање на оваа Влада, можеме да бараме точки кои не раздвојуваат, но суштината е да најдеме што не сплотува да работиме за граѓаните без разлика на нивна етничка, верска или политичка припадност, рече Мицкоски.

За обвинувањето дека Владата нема легитимитет и дека со тоа ги влошува меѓуетничките тензии, рече дека има легитимитет и тоа од скоро две третини.

-Демократијата познава мнозинство во Парламентот, ова мнозинство има речиси две третини, а за да се избере влада потребно е 61 пратеник. Дури и во извештајот на ЕК се констатира напредок во меѓуетничките односи, дајте да зборуваме конструктивно граѓаните да се вратат назад, нагласи Мицкоски. вј/нд/

Фото: Принтсркин

 

Остани поврзан