• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Немаме преговори со никого, но има сигнали од сите страни

Мицкоски: Немаме преговори со никого, но има сигнали од сите страни

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) – Дали ќе биде тој или таа, кандидат номиниран за претседател од ВМРО – ДПМНЕ, се уште траат анализите и ќе се знае втората половина на февруари, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју во Топ Тема на ТВ Телма.

Во однос на изборите, да бидат истовремено претседателските и парламентарните, за Мицкоски тоа било логично, а постоела и можност, како што рече, да не успеат претседателските избори, а и сега, подвлече, немаме гаранција дека тие ќе успеат во однос на цензусот. 

– Вториот круг е важен иако и сега јас сум скептичен во одредена мерка дека ако добро не се организираме итн... после резултатот од првиот круг и летаргијата што ќе настане кај СДС, дали ќе го мобилизира гласачкото тело. Нашето ќе биде мобилизирано. Ценам дека тоа што се случи од 2019 година досега јасно им дава насока на гласачите во Македонија кој е изборот. Бидете сигурни дека победата ќе биде огромна, изјави меѓу другото претседателот на ВМРО – ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски  оцени дека нивната победа ќе биде многу голема  и очекува таа победа да биде 2 према 1.  

Мицкоски тврди дека има партиии кои сакале да пристапат во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ, но, истакна дека немаат преговори со ДУИ, но имало луѓе кои се дел од раководството на ДУИ, кои сакаат да влезат во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ.

- Немаме преговори со ниту едни, ниту со Еворпскиот фронт за промени, во кој се Касами, Гаши и Меџити, немаме ниту со Максим Димитриевски, немаме ниту со овој дел на ДУИ што сака да се ослободи од овие луѓе, немаме со никого. Тоа може да се случува втората половина на февруари, но има сигнали од сите страни. Ние сепак сме во политиката, изјави Мицкоски.

Додаде дека нивниот партнер е народот и нормално, како што рече, на политичката сцена албанскиот коалициски партнер би сакале да биде, рече, оваа тројна коалиција – Европскиот фронт за промени на Касами, Гаши и Меџити.

Прашан дали разговараат со Арбен Таравари, Мицкоски рече дека не разговарале и оти  „Арбен што тој го знае и неговите ставови, треба час поскоро да излезе од таму и да се приклучи кон антидуи структурата“.

Според Мицкоски, Данела Арсовска и нејзината партија Нова Алтернатива на претстојните парламентарни избори, како што реле, може да освои неколку стотини гласови во различни изборни единици и нема потенцијал за нешто повеќе, евентуално, ако влезе во коалиција со други помали политички партии. Во последно време во градот Скопје, нагласи тој, јасно е изразена коалицијата на политичките партиии ГРОМ, Нова Алтернатива, ДУИ и СДСМ и Левица.

За случајот со ЈСП Скопје Мицкоски рече дека пред Нова година биле изгласани субвенции за ноемвриската и за декемвриската плата, но прашува зошто не е исплатена декемвриската плата.

- Зошто сега ги манипулираме да се исплати декемвриската плата? – Во времето на Коце Трајановски, максимум субвенции што биле исплаќани се 150 милиони денари, во времето на Петре Шилегов – 350 милиони денари. Во 2023 година се исплатени 700 милиони денари субвенции, рече Мицкоски.

Во врска со исплатите од страна на УЈП за поврат на ДДВ на трите фирми, Мицкоски гарантира,  како што истакна, дека таму е правен противзкаонски поврат на ДДВ, со користење и злоупотреба на фиктивни фактури и книжења, без да се направи проверка на тоа што се побарало од државата .

- Има многу други фирми, кои ќе ги објавуваме днеовиве на прес – конференции. Верувајте дека тоа што го тврдиме е точно. Штетата по Буџетот е неколку десетици милиони евра, потенцира лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски. цр/лв/

Фото: принтскрин

Остани поврзан