• вторник, 02 јули 2024

Мицкоски на средба со Мелсом: Норвешка е партнер и пријател на Македонија, тоа треба да биде поттик за зголемена економска соработка во иднина

Мицкоски на средба со Мелсом: Норвешка е партнер и пријател на Македонија, тоа треба да биде поттик за зголемена економска соработка во иднина

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Норвешка во државава, Кристин Мелсом.

Мицкоски ги поздравил одличните билатерални односи помеѓу двете држави и посакал соработката да се продлабочува и во иднина. Норвешка, како што истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е партнер и пријател на нашата земја и тоа треба да биде поттик за зголемена економска соработка во иднина.

-На средбата се дискутираше и за криминалот и корупцијата кои што земаат замав секој ден се повеќе во државата поради неспособноста на оваа власт да се справи со истите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде дека со оваа власт Македонија не просперира. Власта не бележи напредок на ниту едно поле, реформи нема ниту во здравствениот систем, образованието се повеќе стагнира, а протестите секој ден ги има се повеќе од страна на работниците, пензионерите, и синдикатите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. дма/

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан