• среда, 15 април 2026

Мицкоски: Набавката на нови возила за „Македонска пошта“ е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги

Мицкоски: Набавката на нови возила за „Македонска пошта“ е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги

Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Денеска зборуваме за една важна инвестиција, која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците - изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД „Македонска пошта“.

- Владата преку Министерството за транспорт реализира набавка на 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“. Ова не е случајна одлука, ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше „Македонска пошта“ е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба на системот. Решивме да ставиме крај на тоа - рече Мицкоски.

Нагласи дека оваа набавка е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги и да ги направиме функционални за граѓаните затоа што, посочи, инстиуциите постојат за да служат, а не да бараат оправдување.

На промоцијата на новиот возен парк на АД „Пошта“ се обратија и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на АД „Македонска пошта“. нд/вј/

Фото: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан