Мицкоски - Григоријан: Констатирана континуираната поддршка и можност за уште повеќе заеднички проекти со владата на ВМРО-ДПМНЕ
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 18 јуни 2024
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со предлог министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска 18.06.2024 година остварија средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан и Билјана Цветановска Гугоска раководителката на секторот за демократско владеење во УНДП.
На средбата се разговараше за идните чекори на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и проектите кои би се реализирале во рамки на министерството за локална самоуправа, а би ги опфатило локалните самоуправи.
Воедно, беа констатирани добрата соработка, како и помошта и поддршката на УНДП кои во континуитет ги дава во Македонија и нивната исклучителна важност во земјава.
Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и потенцираше дека во иднина со владата на ВМРО-ДПМНЕ постои можност за продлабочување на истата и за реализирање на уште поголем број на заеднички проекти.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото ВМРО-ДПМНЕ