• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Граѓаните масовно да излезат во вториот круг на изборите, нивната сила е зад параванот

Мицкоски: Граѓаните масовно да излезат во вториот круг на изборите, нивната сила е зад параванот
Демир Хисар, 22 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Демир Хисар ги повика граѓаните масовно да излезат на вториот круг од локалните избори и да гласаат за промени, посочувајќи дека нивна е силата зад параванот. Побара од премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ако ја примил пораката од граѓаните во првиот криг од изборите, да си замине веднаш. -Зоран Заев вели дека доколку загубел на овие избори во Скопје и другите места низ државата ќе си заминел од местото премиер. Јас велам на 31-ви октомври да му помогнеме да се случи тоа. Излезете и гасајте за промени. Излезете и додека заокружувате зад параванот не заборавајте дека вие сте силата која може да се избори за промени. Не заборавајте и на тешкиот живот, на трговијата со идентитетот која ја прави Заев, за таа неправда кога министрите на државна сметка тераат луксузи додека народот се дави во сиромаштија, на ветувањата за живот, рече Мицкоски. Според него, Заев лаже кога вели дека ја разбрал пораката од народот и оти по трет пат го кажува тоа, ама, додава, си врват тендерите за РЕК, договорите за службени ручеци и кафеани. Мицкоски го повика Заев „да си поднесе оставка веднаш и ќе ја потпише оставката на министерот за здравство Венко Филипче и Љупчо Николовски, кој е министер за борба против корупцијата, а Македонија е најкорумпирана во Европа“. -Ако ја разбрал пораката тогаш нема да чека избори и веднаш ќе си замине. Ако ја разбрал пораката тогаш зошто не ги потпише веднаш оставките на Филипче и Љупчо Путерот. Едниот поради тоа што е министер во земја која е прва по смртност во Европа поради Ковид, вториот поради тоа што е министер во влада за борба против корупција а владата е најкорумпирана влада Европа? Еве јавно го повикувам да потпише оставка ако ја разбрал пораката, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Обвини дека Заев, како што рече, не разбрал ништо и дека продолжуваат списоците за поткуп и оти најдобар  одговор на тоа е излезноста. -Демир Хисар беше посебно подложно на таквите притисоци. Отфрлете ги стегите. Масовно да излеземе затоа што нивниот поткуп така ќе стане беспредметен, порача Мицкоски. ев/лв/  

Остани поврзан