• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Владата на ВМРО - ДПМНЕ ќе инвестира во сите општини без разлика на тоа од која партија е градоначалникот

Мицкоски: Владата на ВМРО - ДПМНЕ ќе инвестира во сите општини без разлика на тоа од која партија е градоначалникот

Новаци, 21 септември 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на својот домаќин, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски учествуваа на народен празничен собир во манастирот Рождество на Пресвета Богородица и изврши увид на проектите кои ги реализира локалната самоуправа.

За време на посетата, Мицкоски потсети дека градоначалниците на ВМРО - ДПМНЕ во земјава успешно ги менаџираат општините, иако како што рече владата го опструира нивното работење.

-Владата на СДСМ и ДУИ, оние општини каде што граѓаните во 2021 година гласаа за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, гледаат  на било каков начин да ги опструираат, да ги попречат во работата, не инвестираат во тие општини, мислат дека така ги казнуваат нормално граѓаните зошто тие гласале за градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Имаме силен план, јасен план како Македонија да ја вратиме повторно  на победничките патеки и како општините да ги развиеме со еден исклучок, а тоа е дека ќе инвестираме во сите општини без разлика дали е градоначалникот од редот на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ, Алијансата за Албанците, БЕСА или некој друг независен градоначалник. Должност на владата, рече Мицкоски е да инвестира насекаде, на целата територија, а не само онаму каде што таа мисли дека треба.

На средба со новинарите, градоначалникот на Општина Новаци информира за капиталните прроекти, реновирање на фудбалскиот срадион, изградба на нов детски парк и асфалтирање на улици.

-Во моментов реализираме дел од програмата за асфалтирање на локални улици и патишта која за годинава изнесува околу 8 милиони денари и со оваа програма ширум општината ќе афлатираме околу 2,5 километри улици и патишта каде е потребно и неопходно, посочи Стевановски.

Општина Новаци за реконструкција на фудбалскиот стадион вложи 3,5 милиони денари, додека за изградба еден детски парк ќе бидат инвестирани 2,2 милиони денари, беше соопштено за време на посетата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Општина Новаци. мт/дма/

 

Остани поврзан