• петок, 22 ноември 2024

Мицковски во видео обраќање со критики до власта за справувањето со вирусот и апел до граѓаните да се заштитат

Мицковски во видео обраќање со критики до власта за справувањето со вирусот и апел до граѓаните да се заштитат
Скопје, 13 ноември 2020 Гледајќи ги денешните резултати од справувањето со корона вирусот сакам да ја споделам со Вас мојата тага, Македонија никогаш, никогаш не била во полоша состојба од денес. Загубата на нашите најблиски, роднини и пријатели, за министерот и премиерот се само ноќна статистика. Но, сакам да ги потсетам дека тие луѓе кои ги губиме биле прекрасни родители, дедовци, работници, доктори или учители кои сме ги изгубиле засекогаш, и како семејства и како држава. Апелиравме неколку пати да се ослободат хронично болните од приватниот и државниот сектор. Апелиравме за да ги заштитиме, но Заев и Филипче останаа глуви не знам од кои причини. Затоа треба да знаат дека секоја човечка загуба е дел и од нивната одговорност. Болниците се полнат, медицинскиот персонал е преморен. Ова е тежок пораз за државата, а цената ја плаќаат граѓаните. Нема доволно термини за тестирање, а Филипче кажува дека граѓаните доцна се пријавувале за третман. Јас им верувам, јас им верувам на граѓаните, но ми се чини дека министерот изгубил контакт со реалноста од држење прес конференции на кои ни ги кажува црните статистики и задоцнетите мерки. Ве молам, останете дома ако немате потреба да излегувате. Бидете на сигурно, со вашите блиски. Носете маска и заштитете се. Ако владата не е способна да Ви помогне, помогнете си сами. Секој човек е важен, и животите не се бројки и проценти. Македонија за жал е една земјите кои најлошо се справуваат со пандемијата во Европа. Кај нас неспособноста на владата е еднакво опасна колку и самиот вирус. Бидете здрави и живи, чувајте се и помагајте си во овие тешки времиња за сите нас. Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан