• понеделник, 23 декември 2024

Митрополит г. Јосиф: За овој Божиќ да пораснеме во човечноста, христијански е да ги сакаме сите, дури и непријателите

Митрополит г. Јосиф: За овој Божиќ да пораснеме во човечноста, христијански е да ги сакаме сите, дури и непријателите

Тетово, 6 јануари 2024 (МИА) - Митрополитот г. Јосиф испрати пригодно обраќање до верниците во тетовско-гостиварската епархија по повод раѓањето на Исус Христос-Божиќ, еден од најзначајните празници во православната црква.

Тој како надлежен архиереј, честитајќи го празникот, порача верниците во овие тешки времиња да не ги заборават оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха.

-Возљубени чеда на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската Православна Црква. Како Ваш духовен пастир Ви го честитам Рождеството Христово и новото лето Господово. Новородениот Богомладенец постојано не повикува преку верата и добрите дела да се спасуваме од суетите и минливоста. Не повикува да не ги заборавиме оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха. Спасителот Христос не повикува на мир Божји, на мир во себе и со сите околу нас. Христијански е да ги сакаме сите луѓе, дури и непријателите наши. За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието, во родољубието и домољубието, да израснеме во љубовта зошто со неа се можеме, истакна владиката г. Јосиф во празничната честитка до верниците.

Утре на денот на Христово Раѓање-Божиќ, владиката ќе отслужи празнична литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар. Денеска по повод Бадник, владиката отслужи празнична литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.ас/бт/
фото: ТГЕ 

Остани поврзан